Достапна на овие јазици
English edition Dutch edition German edition Polish edition Italian edition Brazilian edition French edition Serbian edition Swedish edition Indonesian edition Ukrainian edition Spanish edition Albanian edition Hungarian edition Macedonian edition Slovenian edition Chinese edition Russian edition Finnish edition Slovak edition
"To challenge democracy is brave. To do it in print is heroic."
Doug French, Senior editor of Laissez Faire Books
 Зошто демократијата не нуди солидарност, просперитет и слобода туку создава поизразена нееднаквост и конфликт во општествените слоеви, неконтролирана јавна потрошувачка и зголемена репресија од страна на власта?

Денес е општо прифатено дека демократијата е најдобар политички систем што може да постои. Нема да претераме ако кажеме дека демократијата е издигната на ниво на религија. Најголемата политичка вера на Земјата. Секо што ќе се осмели да ја критикува демократијата ризикува да се биде означен како непријател на цивилизираното општество.

Токму тоа Франк Карстен и Карел Бекман го предлагаат и анализираат во оваа книга. На провокативен и лесно разбирлив начин, тие се спротивставуваат на последното политичко табу: на идејата дека нашиот спас е во повеќе демократија.

Со едноставни и логични аргументи тие докажуваат, спротивно на општото мислење, дека демократијата не носи слобода, просперитет, мир и правда туку токму спротивното: се помалку слобода, поголеми социјални тензии и конфликти, неконтролирана јавна потрошувачка и задолжување, намалување на животниот стандард и континуирано одземање на личните права.

На само стотина страници тие ги демистифицираат митовите кои редовно се користат за одбрана на демократијата. И повеќе од тоа – тие нудат атрактивна алтернатива: општество базирано на лични слободи и социјален систем базиран на доброволен избор.

Дали некогаш сте се запрашале зошто владината државната администрација станува се поголема и јавниот долг е во постојан пораст, а истовремено просперитетот и личните слободи се во се поголема стагнација? По читањето на оваа книга веќе нема да имате никаква дилема – ќе знаете кои се причините за тоа и што треба да се направи за тоа да се промени. Kniga

Митот и вистината за Демократијата е провокативна и фасцинантна книга за секој што сака да ги разбере денешните социјалните проблеми во општеството и економската криза.

Jeffrey Tucker"Even if you think you disagree, you owe it to yourself to consider their argument. Their prose is clear. The evidence is compelling. The logic is challenging, if not impeccable. If you still want to believe after reading this book, that’s up to you. But please accept the intellectual challenge."

Jeffrey Tucker (Laissez Faire Books)